Книга на неделата: Замоци на гневот

Замоци на гневот

Автор: Алесандро Барико

Во Европа во XIX век, во некое измислено, но можеби и возможно гратче, сè тече како историја и приказна: соништата на господин Раил и усните на госпоѓа Раил; приказната за првите возови; мажот што го слуша бескрајот; детето што на себе ја носи сопствената судбина; волшепството на Кристалната палата; необичниот живот на архитектот Хектор Хоро, кој замислува градови од стакло. Ова е стилистичка партитура, составена од виртуозност и бистрина, копнежлива сетилност и болна литанија. Наративното писмо на Барико има исклучителна убавина, која се раѓа од енергичната интуиција на светот.

Првиот роман на Алесандро Барико, според многу критичари, е и прв по важноста. Со овој роман Барико го одбра курсот што го доведе до еден од водечките европски писатели на денешницата.

2

Издавач: Антолог

Книжевен центар „Антолог“, ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1

02/3201-007

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.