Зелено „smoothie“ – „Green up“

Ова smoothie ќе Ви ја даде потребната енергија за целиот ден. Големата количина на нутриенти ќе овозможи перфектен баланс на протеини и влакна во Вашето тело. Има освежувачки вкус, погоден за топлите денови и можете да го пиете во било кој дел од денот.

2

Потребни состојки:

200гр грчки јогурт

Свежо цеден сок од 1 лимон

1 зелено јаболко

1 краставица

1 шолја млад спанаќ

1 шолја зрна грозје

1 супена лажица семки од тиква

4 коцки мраз

3

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со ливчиња спанаќ.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ ihealthadvice.com

2/ makingthymeforhealth.com

3/ thugkitchen.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.