Како до подебели и погусти веѓи?

Веѓите значително можат да го променат изгледот на лицето. Доколку Ви се здосади Вашиот изглед со тенки веѓи, време е да го промените и да прочитате на кој начин можете да постигнете подебели и погусти веѓи.

Заборавете на чупалицата. Барем на некое време. Постојаното чупање на влакненцата значи и се потенки веѓи. Оставете ги сите влакненца убаво да пораснат, па потоа дадете им убав облик на веѓите.

Чиста кожа. За побрз раст на влакненцата, кожата особено во пределот на веѓите секогаш мора да биде чиста и хидрирана. Нанесувајте хидратантни креми.

2

Вазелин. Доколку сакате побрз раст на влакненцата, тоа можете да го постигнете со вазелин. Нанесувајте го на веѓите 2 до 3 пати во текот на неделата на чиста кожа.

Витамин Е. Витаминот Е е одговорен за брз и здрав раст на влакната на телото. Внесувајте го преку јаткастите плодови, како бадеми и лешници.

3

Масла. Побрзиот раст на веѓите може да се поттикне и со масла, особено маслиново и кокосово масло. Тие овозможуваат потхранување и хидратација на кожата, па според тоа и влакненцата ќе станат поцврсти и во самиот корен.

 

Е.С.

 

photos/pinterest.com, allwomenstalk.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.