Make up дрогериски новитети – 1дел

Промената на одредена сезона значи и воведување на нови производи на пазарот. Кога станува збор за декоративната и препаративната козметика, компаниите кои произведуваат ваков тип на производи настојуваат да понудат палета на производи кои ќе одговараат на одредена сезона и трендовите кои се актуелни во истата. А работа на блогерите е да ги следат сите тие новитети и да испробаат барем дел од нив.

Денес одлучив да наравам една мала листа на нови производи од декоративната и препаративната козметика кои мене ми се допаднаа, а станува збор за дрогериски брендови.

Се надевам дека овие мои препораки ќе ви помогнат во изборот на нови козметички производи кои ќе станат дел од Вашата колекција.

Па да започнеме:

  1. Essence

Една од најдобрите идеи, ако може да ја наречам така, е новитетот на  Essence кој всушност е нова палета на сенки за очи кои сами ја составувате. Таа изгледа вака:

femina.hr
femina.hr

Наречена „My must have“,оваа линија во себе содржи празни палети на сенки од по 4 и 8 сенки, односно празни места на кои може да ги сместите моно сенките од истата линија, и притоа сами да го направите изборот на нијансите.

Она што ми се допадна повеќе, се моно сенките од оваа линија. Воодушевена од нивните нијанси и одличната пигментација. Сенките лесно се нанесуваат и уште полесно се блендаат и надополнуваат една со друга.

Ова се нивните нијанси:

femina.hr
femina.hr

-Покрај овие палети и моно сенки, оваа пролет компанијата Essence на пазарот претстави уште неколку новитети помеѓу кои се најдоа голем „Shine Shine Shine“ сјаеви за усни во интересни нежни и женствени нијанси, долготрајни моливи за усни, маскари за волумен, како и Eyes&Face палети во кои се сместени 4 сенки за очи, хајлајтер и руменило .

confessionsofamake-upshopaholic.blogspot.mk
confessionsofamake-upshopaholic.blogspot.mk

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

насловна сл/.rd.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.