Make up дрогериски новитети 2дел

2.Catrice

Оваа пролет, една од најпопуларните дрогериски козметички компании Catrice , лансираше нова лимитирана линја која во себе содржи прекрасна палета со сенки, кармини во нежни нијанси, хајлајтер и посебна четка за негово нанесување, крем руменило итн.

Она што кај мене остави најголем впечаток, е самата палета со сенки. Палетата во себе содржи 4 бои, три седефасти и една црна мат сенка. Сo оваа палета, Catrice направи одличен спој на бои и нијанси со кои лесно може да изработите едноставен дневен и гламурозен вечерен make up look .

catrice.eu
catrice.eu
  1. Balea

Еден од најомилените брендови кога станува збор за препаративната козметика кај нас, е секако брендот Балеа , како поради својот низок ценовен ранг, така и поради широката палета на производи.

Па така, и оваа пролет, компанијата на пазарот лансираше повеќе новитети, а она што мене ми се допадна е следно :

Маските за лице на Балеа се моите омилени, а оваа пролет нивната нова маска за лице од лубеница , е дефинитивно производот на кој најмогу се радувам.

meindm.at
meindm.at

Покрај маската за лице од лубеница, новите лосиони за раце со егзотични мириси на тропски овошја , се уште еден новитет на оваа компанија кој го привлече моето внимание. Нивниот интересен мирис и одлично пакување ме привлекоа на прв поглед, но лесната текстура на овие производи направи целосно да се заљубам во нив.

dm-drogeriemarkt.mk
dm-drogeriemarkt.mk

Покрај овие производи, брендот Балеа претстави нови купки за бањање, гелови за туширање, шампони и регенератори за коса , и дезодоранси со цветни мириси.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.