5 придобивки од масажа на скалпот

За масажа на скалпот не е потребно да одите во салон за масажа, туку тоа можете да си го направите сами на себе во домашни услови.

За уште поголемо задоволство можете да ставите и кокосово или маслиново масло на главата.

1=1

Ви нудиме 5 од многуте придобивки при масирање на скалпот.

Подобрување на циркулацијата на крвта. Едноставното движење на прстите низ главата може да ја подобри циркулацијата на крвта. Доколку додадете масло, ќе го избегнете непријатното чувство на чешање и мрдање на коренот на влакната, а ќе ѝ овозможите поголем сјај и флексибилност на косата.

2

Ослободување од главоболката. Масажата треба да се одвива најмногу на задниот долен дел на главата каде што почнува `рбетот и кај челото, на линијата каде почнува да расте косата, бидејќи овие две места се оние на кои се акумулира тензијата. Со масирање на челото се зголемува и расположението, а може да се намали и појавата на мигрена.

Се намалува стресот. Со масажа на скалпот телото се релаксира од тензијата која се акумулира во главата и вратот. Оваа појава е најчеста кај лицата кои работат канцелариска работа. Доколку сте под стрес, подобро дозволете некој друг да Ви направи масажа на скалпот, за да можете Вие целосно да се опуштите.

3

Се стимулира растот на косата. Масажата може да го намали опаѓањето на косата, а и да го поттикне нејзиниот раст. Поради зголемената циркулација на крвта, влакното станува поцврсто во коренот, а со тоа се намалува опаѓањето на косата. Циркулацијата носи нутриенти како витамин Ц и А, протеини, железо, цинк, селен, омега-3 масни киселини и слично, кои помагаат во овој процес.

Подобрување на сонот. Доколку страдате од инсомнија, масажата на скалпот е совршена за Вас. Таа ќе овозможи ослободување од стресот, а со тоа ќе имате и поквалитетен сон. Масажата ќе Ви овозможи и побрзо заспивање.

 

Е.С.

 

photo1/ buckheadmassage.com

2/ wisegeek.org

3/ huffingtonpost.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.