Шампон за суво миење на коса-негативна страна

Шампонот за суво миење на косата е одличен во деновите коса косата Ви е масна, но немате време да ја измиете. На косата ѝ дава волумен, а одличен е и за нејзино стилизирање. Но, доколку постојано го употребувате, треба да ја знаете и неговата негативна страна.

SLIKA-2

Пред сè, овој шампон никако не е наменет за секојдневна употреба. Бидејќи содржи честички кои ја впиваат маснотијата од косата, неговата постојана употреба може да предизвика исушување на влакното, а со тоа и појава на перут. Исто така, доколку овој шампон остане неколку денови на косата, а притоа нанесувате сè повеќе и повеќе, може да предизвика затворање на порите на кожата на главата, а тоа води кон нејзина иритација, отоци или опаѓање на косата. И на крај, Вашата коса нема да биде исчистена од микробите кои се храната од себумот на влакното.

Секако дека ова не значи дека треба засекогаш да престанете со употреба на овој шампон, но бодете сметка колку често го употребувате. Ве советуваме да го употребувате само во поретки исклучителни ситуации.

 

Е.С.

 

photo1/ abeautifulmess.com

2/ stylewithrobin.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.