Исчистете ги белите дробови само за три дена

Овој совет за чистење на белите дробови е одличен особено за пушачите, но и за оние што имаат настинка или грип.
Пред да започнете со овој процес на чистење, два дена порано, престанете со консумирање на какви било млечни производи, бидејќи тие го успоруваат процесот на исфрлање токсини од телото, а во текот на двете вечери испијте по една шолја чај од билки, за побрзо да ги исфрлите токсините од цревата.
По истекот на овие два дена, пред појадок, утрото започнете го со 300 мл вода и 2 исцедени лимони.
По појадокот испијте 300 мл сок од грејпфрут или од ананас, бидејќи се добри антиоксиданси и го подобруваат дишењето.
Пред ручек испијте 300 мл сок од моркови, кој ќе дејствува алкално на организмот во текот на трите дена.
За време на ручекот испијте 400 мл сок од портокал. Тој содржи калиум, кој ќе дејствува како тоник за чистење на токсините.

2

За вечера испијте 400 мл сок од брусница, кој ќе се бори против бактериите во белите дробови, кои можат да предизвикаат инфекции.

Оваа постапка повторувајте ја во текот на три дена.

Исто така, потребна е инхалација во текот на денот. Во сад со топла вода додадете 10 капки масло од еукалиптус, покријте се со чист пешкир преку главата и вдишувајте од пареата сè додека водата не се олади. Ова ќе ги исчисти дишните патишта и ќе помогне при искашлување.

3

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ uberagency.com

2/ delish.com

3/ overwade13.rssing.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.