Топ 3 најздрави намирници според нутриционистите

17 нутриционисти за Byrdie составија листа од најздрави намирници, а ова се трите намирници коишто се наоѓаат на врвот на нивната листа:

Боровинки. Богати се со 15 фитонутриенти. Секој од нив е моќен антиоксиданс кој го штити секој систем во телото, како келиите, мускулите и ткивата. Имаат голема улога во одржување на кардиоваскуларното здравје и здравјето на мозокот. Богати се со витамини А, Ц и К и минерали, од кои магнезиум, цинк, железо, калиум, калциум. Исто така, богати се со влакна кои помагаат при варење на храната.

2

 

Темнозелен лиснат зеленчук. Особено спанаќот и кељот. Богати се со витамин А, Ц и К и минерали, од кои железо, лутеин, магнезуим, калиум. Исто така, богати се со влакна кои помагаат при варење на храната. Богати се со антиоксиданси, помагаат при намалување на холестеролот и детоксикација на организмот. Сиве овие зеленчуци се нискокалорични.

3

 

Авокадо. Богато е со влакна кои помагаат при варење на храната. Богато е со витамини Б5, Б6, Ц и К. Мастите кои се наоѓаат во авокадото ги штитат мембраните на келиите. Кога келиите се заштитени од слободните радикали, тогаш нивната работа е подобра, со што се овозможува поблескава кожа, повеќе енергија и побрзо размислување.

4

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ campbells.com

2/ alkalinevalleyfoods.com

3/ healthsomeness.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.