Маска за коса од прополис

Рецензија

Здраво девојки,

Верувам дека секоја од Вас добро ги познава благодетите на медот и неговата широка примена како во исхраната така и во козметиката.

Па така денес сакам да ви претставам еден нов производ во мојата колекција кој неодамна започнав да го користам.

Станува збор за маската за коса на брендот Doctor’s која во себе содржи прополис.

Ќе започнам од самата амбалажа. Едноставно бело пакување од 200мл. кое на себе ги има испишано сите потребни информации околу самиот производ, а кога ќе го отворите внатре се наоѓа самата маска со извонредно јак мирис на мед и златеста боја.

SLIKA-1

Ова е една од најгустите маски за коса која сум ја пробала до сега, но и маска која на мојата коса и даде најголем број на бенефити.

Во себе содржи А,Ц и Е Витамини кои ја хранат косата и ја прават појака и посјајна. Исто така, оваа маска ќе и овозможи на Вашата коса поголем волумен и побрз раст, ќе ја храни и ќе и ја врати природната хидратизација, па косата е мазна и нежна. Со тоа, сметам дека оваа маска е одлична за користење во текот на жешките летни денови кога сонцето нанесува значителни штети на самото влакно.

SLIKA 2

Маската се нанесува 1-2 пати во текот на неделата и се остава да делува 5минути како и секоја друга маска.

Исто така, оваа маска ќе ви помогне во решавање на проблемот со заплеткување на косата, па по нејзиното користење косата се расчешлува лесно и едноставно.

SLIKA-3

 

SLIKA-4

 

Подготвила: Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.