ВИДЕО: Чај од банана против несоница

Сите ние понекогаш имаме проблеми со спиењето. Кога не сме доволно наспани, имаме проблеми во извршувањето на секојдневните задачи, се успорува работата на мозокот и моторните вештини, се намалува енергијата на телото, се зголемува телесната тежина и во најлош случај постои ризик од појава на дијабетис или рак.

Токму поради овие причини, потребно е осумчасовно спиење во текот на ноќта. Најлесната работа што можеме да ја направиме за да ја подобриме оваа состојба е да посегнеме по апче за спиење. Но, дали тоа навистина го сакаме?

Токму за тоа Ве советуваме да си подготвите чај од банана и цимет.

Лушпата од бананата е богата со калиум и магнезиум. Таа содржи многу повеќе калиум и магнезиум од самото овошје. Тие помагаат при опуштање на мускулите и нервниот систем. Циметот го израмнува нивото на шеќер во крвта, со што се овозможува подобар сон.

Подготовката на овој чај е едноставна. Земете една неизлупена банана и исечете ги краевите. Ставете ја во веќе зовриена вода уште 10 минути. Додадете ½ кафена лажица цимет и содржината сипете ја во шолја. Чајот можете да го засладите со мед или стевиа.

Погледнете го видеото:

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ vorply.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.