Преживејте ја диетата со овие производи

Оние што внимаваат на својата исхрана или, пак, се на диета честопати чувствуваат постојан глад. Токму поради ова, Ви ги претставуваме производите кои ќе Ве држат сити, а кои ќе можете да ги консумирате додека сте на диета:

Сурутка. Протеините кои ги содржи сурутката во себе содржат доста леуцин кој помага при одржување на ситоста. Функционира на тој начин што тој испраќа сигнали за ситост на организмот до хипоталамусот во мозокот. Токму поради оваа причина, сурутката е една од главните состојки кои се содржани во пијалоците за спортистите.

2

 

Маслиново масло. Маслиновото масло е богато со омега-3 масни киселини и олеинска киселина. Кога олеинската киселина ќе дојде до тенкото црево, до мозокот се испраќа сигнал за ситост.

Леб со цели житарки/семки. Ваквиот леб, а особено црниот леб помага при одржување ситост во организмот. Поради големото количество влакна кои се содржани во семките, потребно е повеќе време да се разложат.

УНИ ЛУКС
УНИ ЛУКС

Дополнителни засладувачи. Секако дека ова и не е баш најздравиот избор за одржување на ситост, но многу често го среќаваме во соковите или енегретските пијалаци.

Месо. Месото во себе содржи голем број на протеини, без разлика на тоа дали станува збор за пилешко, телешко, свинско или друг вид на месо. Токму поради тоа, и месото се наоѓа на листата за производи кои ја намалуваат гладта.

Оние што не консумираат месо, како негова замена можат да консумираат разни млечни производи, семки, јаткасти плодови, особено бадеми, јајца, соја и слично.

3

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ snixykitchen.com

2/ italianoliveoils.net

3/ youtube.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.