Пилинг гел за туширање!

Рецензија:

Здраво девојки,

Иако јас не користам многу често пилинзи за тело, бидејќи се премногу груби за мене, секогаш во мојата бања се наоѓа некој добар гел за туширање кој во себе содржи благ пилинг.

Така, водена од позитивните искуства на сетот од малина на истиот бренд, за кој може да прочитате детална рецензија на мојот блог, го зедов и овој гел за туширање кој во себе содржи пилинг. Станува збор за Raspberry Peppermint Energizing Exfoliating Shower Gel на Yves Rocher. Јас едноставно сум заљубена во сите производи за нега на тело од оваа компанија, од нивната линија на малина и пеперминт, па така моето искуство и со овој производ е извонредно.

Но, да почнеме од неговата амбалажа.

SLIKA-1

 

Пластично проѕирно пакување од 200мл низ кое може да се види самиот производ и интересниот пилинг за кој нема да верувате, но всушност се црните зрнца од плодот на малина.

SLIKA-2

 

Што се однесува до самиот производ, има феноменален мирис на малина и одлична боја, а заедно со зрнцата од плодот на малина добивате чувство дека се туширате со свежи малини.

Притоа одлично е и тоа што ви е потребна сосема мала количина на производ за едно туширање, па така ова пакување од 200мл иако го користите секојдневно, со сигурност ќе трае 3 недели до  1 месец.

После неговото користење, кожата е мека нежна и од неа се отстранети сите мртви клетки.

Она по што овој гел за туширање се разликува од обичниот гел за туширање од малина, е мирисот кој останува на кожата, а кај овој производ тој исчезнува за еден ден.

slika-3

SLIKA-4

 

На крајот, како целосен впечаток можам да кажам дека ова за мене е одличен пилинг гел кој ова лето негата  на кожата ми ја направи интересна и „вкусна“.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.