10 Make up трикови кои треба да ги знае секоја девојка

Здраво на сите.

Денес со Вас, ќе споделам 10 трикови кои јас ги применувам секојдневно, а кои треба да ги знае секоја девојка, со што на лесен и едноставен начин ќе го подобрите Вашиот изглед.

Да започеме:

    1. Секогаш пред нанесување на пудрата, кожата на лицето хидратизирајте ја со некоја добра хидратизирачка крема чија основа е водата. На овој начин пудрата полесно ќе ја нанесете на лицето, а самото лице ќе добие природен изглед како воопшто да немате пудра. Нели тоа е она кон што сите целиме?
    2. Доколку сакате Вашето лице да блеска и да има природен сјај, Вашата течна пудрата помешајте го со мала количина на прајмер и потоа нанесете го на Вашето лице.
    3. За дополнителен сјај кој ќе и даде гламур на Вашата вечерна шминка, нанесете хајлајтер на образите под окото во буквата С носејќи го над Вашето око. Исто така, нанесете мала количина на овој производ на врвот од Вашиот нос, средината на горната усна и брадата.
    4. Нежно пополнете ги Вашите веѓи со сенка која одговара на бојата на Вашата коса. На овој начин, тие нема да се приметуваат и ќе добиете потполно природен изглед.
    5. За подобар изглед на Вашите очи, маскарата нанесувајте ја со ротирачки движења на четкичката.
    6. Коректорот под Вашите очи, секогаш нанесувајте го во триаголна форма кон образите. Со тоа ќе го издолжите изгледот на Вашето лице.
    7. Доколку сакате карминот на Вашите усни да трае цела вечер, усните исцртајте ги, но и пополнете ги целосно со молив за усни во боја која одговара на бојата на карминот кој ќе го користите.
    8. Доколку сакате Вашиот парфем да трае подолго, распрскајте го по Вашата кожа наместо по Вашите алишта.
    9. Доколку сакате да ја продолжите трајноста на Вашата шминка на очите, нанесете база за сенка на очните капаци, но во што помали количини бидејќи поголемите количини на база ќе прдизвикаат намалување на пигментацијата на сенката.
    10. Продолжете ја трајноста на Вашиот лак за нокти на тој начин што секогаш пред нанесувањето на лакот, на ноктната плоча ќе нанесете база.

 

И тоа се 10-те make up трикови кои треба да ги знае секоја девојка. Се надевам дека Ви се допаднаа и Ви помогнаа . За повеќе вакви содржини читајте ги моите текстови секоја сабота и недела тука, или на мојот блог www.mymakeupbagm.blogspot.mk,  каде може да ги оставате Вашите коментари и предлози за следни текстови.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

 

Photo- lionessebeautybar.org

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.