Прочитајте зошто да го избегнувате чипсот

Чипсот, како и смоките, кексите и другите грицки се вистински непријател на Вашето здравје. Голем дел од луѓето ги консумираат барем два пати во неделата и доколку сте и Вие еден од нив, погледнете што ќе се случи со Вашето тело доколку ги избегнувате барем два месеца:

Нема да чувствувате подуеност во стомакот. Преработената храна предизвикува подуеност во стомакот, што можете да ја почувствувате веќе за еден час по консумирањето. Една од причините е големата количина на сол, која ја апсорбира водата од организмот и големата количина на други додатоци кои се потешко сварливи.

SLIKA-2

 

Блескава кожа. Поради маснотиите кои ги содржат, овие грицки овозможуваат појава на акни и мозолчиња, а кожата го губи својот природен сјај. Доколку ги отфрлите од исхраната ќе забележите дека кожата Ви станува помека и понежна, а акните и мозолчињата ќе се изгубат.

Подобар сон. Чипсот и останатите грицки, доколку ги консумирате пред спиење, можат да предизвикаат намалување на шеќерот во крвта. Ова ќе го вознемири Вашето тело и ќе го пробуди умот. Освен тоа, солта ќе ја апсорбира водата од организмот, со што во текот на ноќта постојано ќе се будите за да се напиете вода.

SLIKA-3

 

Поголема енергија. И повторно, солта предизвикува намалување на шеќерот во крвта, со што доаѓа до опаѓање на притисокот. Намалениот притисок предизвикува омалаксаност, умор и поспаност.

Поретка главоболка. Една од многуте нездрави состојки кои се содржани во чипсот е  натриум глутамат, кој на декларациите можете да го најдете под шифрата Е 621. Тоа е бел кристален прав кој личи на сол и шеќер. Овој засилувач на аромата, на телото му овозможува голем број нуспојави, меѓу кои и појава на главоболка и вртоглавица. Таа може да настапи и по 20 минути после консумирањето на чипсот или сета друга храна која го содржи.

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ todayifoundout.com

2/ healthynibblesandbits.com

3/ unareceta.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.