ПРОТИВ: миење на лицето за време на туширање

Веруваме дека многумина од Вас имате вообичаена рутина да го миете лицето додека сте под тушот. Можеби Ви се чини логично дека треба да го насапунирате и лицето заедно со телото, но тоа е сосема погрешно.

2

Кожата на лицето е малку покомплицирана, за разлика од кожата на телото. Сигурни сме дека го употребувате истиот сапун или гел за туширање и на кожата на лицето и на кожата на телото. Но, тие дополнително можат да ја исушат кожата исто како и топлата вода со која се туширате.

3

Доколку се туширате со поладна вода, сепак и не е проблем да го измиете и лицето, но доколку пак, се туширате со топла вода, тогаш Ве советуваме лицето посебно да го измиете врз мијалникот со ладна вода. Ладната вода нема да ја исуши кожата на лицето, а дополнително ќе ја поттикне циркулацијата на крвта. Дотокот на крв во лицето ќе Ви овозможи здрава кожа и блескав тен.

Сјајната кожа исто така се постигнува и со здрав начин на исхрана, постојано вежбање и грижа за своето тело.

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ vivaeshop.sk

2/ rd.com

3/ mensxp.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.