Шест фактори за промена на косата

Можеби почнувате да забележувате дека Вашата коса не е иста како пред неколку години. Всушност, многу фактори влијаат врз промената на бојата и структурата на влакното. Еве кои се тие:

 

Процес на стареење. Со секоја помината година косата сè повеќе го губи својот сјај и волумен. За да го успорите овој неизбежен процес потребно е да консумирате производи богати со железо.

SLIKA-2

Намален внес на потребни нутриенти. Промената на косата значи и дека на организмот нешто му недостасува. Тоа може да биде недостаток на железо и витамин Д, пореметена работа на штитната жлезда, диети базирани на сокови и малку протеини.

Фарбање на косата. Нанесувањето на бланш и фарба на косата придонесува до нејзино поголемо оштетување. Доколку морате да се фарбате, направете го тоа кај стручни лица со производи кои ќе овозможат одличен и соодветен третман.

Механичко оштетување. Апаратите кои произведуваат топлинска енергија како фенот, пресата, фигарото… значително можат да го оштетат влакното и бојата на косата. Вложете во некој фен со регулатор на топлина или во преса со заштита.

SLIKA-3

Бременост. Во текот на бременоста, жените може да имаат сјајна и цврста коса, но тоа тотално може да се промени по породувањето. Секако, ова е минлива фаза, а по неколку месеци косата повторно ќе се обнови. Мора да напоменеме дека ваквите промени не се случуваат кај секоја жена.

Стрес. Без разлика на тоа од што е предизвикан, тој остава негативни последици врз целото тело. Што се однесува до косата, силниот стрес предизвикува дури и побелување на целата коса „преку ноќ“ или пак, опаѓање. Опаднатата коса повторно ќе израсне за неколку месеци.

 

Подготвила: Е.С.

 

Photos/ barryshairstudio.ie, shoprush.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.