Диети за брзо слабеење – колку се опасни?

На интернет постојат најразлични диети за брзо губење на килограмите. Но, дали тие се навистина здрави? Дали навистина е здраво да изгубите голема тежина во рок од, на пример, 3 дена?

Броење калории. Дневниот внес на калории треба да биде 1.500 и ништо помалку од тоа. Доколку диетата наложува да се внесат помалку калории од оваа граница, ризикувате да го успорите метаболизмот и брзо да ги вратите изгубените килограми по престанокот на диетата.

SLIKA-2

Брзо губење килограми. Брзото губење килограми претставува и брзо губење на течностите во организмот, кои всушност му се потребни.

Консумирање само еден производ. Со внесувањето само на еден производ може да се предозирате само со еден вид витамини. Невнесувањето на разновидна храна може да предизвика разни заболувања поради отсуството на други витамини и минерали.

SLIKA-3

Детоксикација. Со претерана детоксикација, организмот не само што се чисти од токсините, туку се уништуваат и добрите бактерии во цревата и се отежнува работата на системот за варење на храната.

Забрзување на метаболизмот. Производите за побрзо разградување на храната најчесто содржат кофеин или други состојки кои создаваат зависност, па кога ќе завршите со диетата, нема да завршите со зависноста, а метаболизмот ќе се успори, така што повторно ќе дојде до зголемување на килограмите.

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ otona-beauty.com

2/ empowher.com

3/ medicalnewstoday.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.