Зошто не можете да ги обликувате нозете иако вежбате?

Можеби премногу вложувате напор да дојдете до соодветно посакувани обликувани нозе, но никако не успевате во тоа. Ова се причините зошто е тоа така:

Заборавате на истегнувањето. Пред и после вежбањето, задолжително е истегнување на нозете, а и на целото тело. Исто така, потребно е менување на вежбите.

Не вежбате правилно. За добро обликувани нозе потребно е правилно изведување на вежбите. Неправилното изведување на вежбите само ќе го зголеми заморот. Посоветувајте се со тренерот за тоа дали правилно ги изведувате вежбите.

SLIKA-2

Не употребувате поголема тежина. За обликување на нозете потребна е употреба на поголема тежина, бидејќи тие се навикнати и веќе обликувани според Вашата телесна тежина, бидејќи постојано ги употребуваме. Започнете со зголемување на тежината врз нозете веќе од следниот пат кога ќе вежбате.

SLIKA-3

Не внимавате на исхраната. Секое тело има мускули, само треба да одлучте дали сакате да бидат видливи или не. Доколку сакате да бидат видливи, мора да почнете да внимавате на храната што ја консумирате, бидејќи не е доволно само вежбањето. Започнете со консумирање на сложени јаглехидрати, протеини, овошје и зеленчук.

Вежбате кардио вежби. Доколку Вашата цел е добро обликувани нозе – вежбајте ги нив. Доколку повеќе претпочитате кардио вежби, ќе го обликувате горниот дел на телото.

 

Подготвила: Е.С.

 

photo1/ womenshealthmag.com

2/ neveroffside.nl

3/ sportonderzoek.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.