ЗА НАС

Драги My GalaLife читатели,

Вие сте на веб-сајтот кој е наменет само за вас, за да уживате и да се опуштите, читајќи ги советите за нега и убавина, за стекнувањето здрави навики на различни и корисни начини, за инспирацијата  која можеби ќе ја поттикнеме во вашиот секојдневен живот,  или за Мисловното катче кое можеби ќе ви ја разбуди креативноста за пишување.

Се надеваме и дека My GalaLife ќе биде вашиот пријател наутро додека го пиете вашето прво утринско кафе; дека ќе биде веб-сајтот кој ќе сакате да го споделите со вашите пријатели; дека ќе биде токму тој веб-сајт што ќе сакате да го отворите после напорниот ден.

Во My GalaLife можеби ќе дознаете нешто ново или, пак, нешто што ќе ве потсети или ќе ви го потврди тоа што веќе го знаете или го практикувате.

Ние имаме цел да ве расположиме а не да ве заморуваме; со стремеж кон истакнувањето на позитивните работи, бидејќи на сите нас ни се потребни.

Патем, посетете ја и нашата ФБ-страница: My-Gala-Life

Вaши,

My GalaLife