УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

My Gala Life на сите посетители им овозможува користење на содржините на својот сајт кои се регулирани со следниве услови за користење и важат за сите содржини, страници, услуги, кои се во сопственост на My Gala Life.

Содржината на My Gala Life

My Gala Life се состои од сопствени содржини, содржини од партнерите и огласувачите, од бесплатни содржини, од содржини креирани од странски извори и линкови на надворешни страници. Имено, сето тоа е со добра намера и заради информирање на јавноста.

My Gala Life содржи документи, податоци, информации и врски до други сајтови креирани од трети лица (линкови) кои ќе бидат обележани како такви, секогаш кога тоа е можно. My Gala Life нема надзор над наведените документи, податоци, информации и другите сајтови и во целост се откажува од секаква одговорност врзана за содржината на сајтовите коишто се креирани од трети лица.

My Gala Life во текот на своето дејствување транспарентно ќе ги користи содржините достпани на интернет-просторот со наведување на изворот што, според важечките законски прописи, е дозволено, доколку по писмен пат не добиеме забрана за користење на содржината од страна на авторот. Исто така, преку официјална дописка можете да нѐ известете на info@mygalalife.com за сите Ваши забелешки. Сето она што ќе се докаже дека е спорно, од наша страна навреме ќе биде отстрането.

При секое преземање на било која содржина или пост од mygalalife.com, задолжително да се наведе изворот од каде што е преземена истата.

Забелешка за надворешните линкови

My Gala Life содржи линкови до надворешни, трети сајтови. My Gala Life нема влијание, ниту пак контрола над надворешните линкови. Оттаму, нема одговорност за информациите, производите или услугите кои се наоѓаат на тие сајтови.

Посетителите на My Gala Life преземаат целосна одговорност и на сопствен ризик ги посетуваат надворешните сајтови. Посетителите треба да ги упатат своите забелешки за надворешните линкови до администраторите или веб-мастерите на тие сајтови.

Рекламни содржини:

На сајтот My Gala Life се објавуваат и рекламни содржини. Објавувањето на рекламните содржини се темели на договорни односи помеѓу издавачот и неговите партнери.

Ограничување на одговорност

My Gala Life се оградува од одговорност за каква било штета настаната со употреба на производите или услугите објавени во рекламните содржини, како и за вистинитоста и точноста на податоците објавени во содржините преземени од другите сајтови.

Сопственикот на My Gala Life го задржува правото на промена на Условите на користење во кое било време и нема да биде одговорен за можни последици кои произлегле од таквите промени. Промените стапуваат на сила со објавување на сајтот.